Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и убедлив рекорд во изминативе дваесет години. Plusinfo
Доколку приливот на странски инвестиции продолжи со истото темпо, голема е шансата Македонија првпат во историјата да оствари над милијарда евра странски директни инвестиции во текот на една година.
Податоците на Народната банка откриваат дека само во третиот квартал од годинава, приливот на странски директни инвестиции во Македонија достигнал 281,6 милиони евра. Netpress