“Со оваа инвестиција, создаваме подобро инклузивно образование во Општина Центар и подобри услови за развој на нашите деца .” истакна Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и додаде:” Ви благодарам Рамстор и во оваа прилика би сакал и јавно да и доделам признание на генерална директорка на Рамстор Македонија г-а Даниела Адемоска за досегашната соработка и реализираните проекти, за кои сум сигурен дека продолжуваат и во иднина.” Во своето обраќање Генералната Директорка и сопственичка на Рамстор г-а Даниела Адемоска се заблагодари на Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и додаде “Отсекогаш ни претставувало посебна чест и како компанија и како индивидуи да бидеме дел од општествено одговорни, културни, социјални и хуманитарни проекти.” Соработката на Рамстор со Општина Центар се развива во социјално-хуманитарна сфера што само ја истакнува посветеноста на Рамстор за вклучување во општествено одговорни проекти. Faktor