Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето годишно обраќање во парламентот, истакна дека единственото можно решение би било она за уставни амандмани со одложно дејство утврдено во Уставниот закон за спроведување на амандманите и оти тоа би било вин решение и за Бугарија, зашто, како што посочи, би го остварила своето барање, а подоцна би ни помагала во евроинтеграциите.
Иако го нарече нерационално барањето за внес на Бугарите во Уставот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето годишно обраќање во парламентот рече дека со креативно интерпретирање на Преговарачката рамка, односно на заклучоците, единствено можно решение е спроведување на уставните измени со одложено дејство – по завршување на преговорите и ратификација на договорот за членство на земјава во ЕУ. Ова, како што рече, би било вин-вин решение за Бугарија која би го остварила своето барање, а подоцна и во меѓувреме би ѝ помагала на земјава за евроинтеграциите бидејќи ќе биде свесна дека колку побрзо ќе завршат преговорите на земјава, толку побрзо Бугарија ќе дојде до целта.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието, прво во нејзиниот мандат.