По остварените позитивни резултати на домашниот и на странските пазари, „Реплек АД“ и во следната година најавува раст во сите сегменти од своето работење.
Во 2025 година според бизнис планот компанијата планира раст на приходите од продажба за 25% во однос на остварените резултати годинава и тоа и на домашниот и на странскиот пазар. Skopjeinfo
Позитивните резултати остварени на пазарите, како и континуираните инвестиции ги вброија акциите на „Реплек АД“ во берзанскиот индекс на Македонската берза МБИ 10, што е јасен сигнал за инвеститорите, но и потврда за стабилниот раст и потенцијал на компанијата.
„Реплек АД“ и во третото тромесечје од оваа година оствари вкупен раст на приходите од продажба во сегментот фармација од 30,9% во однос на истиот период минатата година. Netpress