1 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 10-Mar 10:14 -> 10-Mar 11:19
.
.
.
.

Претседателката Сиљановска-Давкова отповика осум амбасадори

  • Силјановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието.

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието.

5 (14) ■ вести > свет ■ 09-Mar 13:51 -> 10-Mar 10:12
.
.
.
.

Новиот канадски премиер, Марк Карни, вети победа во трговската војна со Трамп

  • Новиот премиер на Канада веднаш зазеде тврд став кон Трамп:„Некој се обидува да ја ослабне нашата економија“

Поранешниот гувернер на Банката на Канада, Марк Карни, победи во трката за нов лидер на владејачката Либерална партија и ќе го замени Џастин Трудо како премиер, покажаа резултатите објавени во неделата(9 март). Карни ја презема премиерската функција во време кога Канада е вовлечена во трговска војна со својот долгогодишен сојузник САД , а оваа година се очекуваат и парламентарни избори.

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидерство на канадската владејачка Либерална партија и ќе го наследи Џастин Трудо на премиерската функција, покажаа официјалните резултати објавени во текот на викендот.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

10 (4) ■ бизнис > економија ■ 10-Mar 09:54 -> 10-Mar 11:03
.
.
.
.

Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан, вели професорката Кикеркова

  • Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан

Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив.

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на соработката со претседателот Азески, кој ги вклучил во активностите на Комората користејќи ги нивните методолошки и научни знаења и искуства за состојбите во економијата, ставајќи ги во функција на бизнисот и на поддршката на нивните извозни активности.

16 (4) ■ бизнис > свет ■ 10-Mar 08:18 -> 10-Mar 10:53
.
.
.

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

  • Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат на почетокот на новата недела

Цените на нафтата продолжија да се намалуваат на почетокот на новата недела, бидејќи загриженоста за влијанието на американските увозни царини врз глобалниот економски раст и побарувачката за гориво, како и зголеменото производство од производителите на ОПЕК+, го намалија апетитот на инвеститорите за поризични активи.

Цените на нафтата продолжија да се намалуваат на почетокот на новата недела, бидејќи загриженоста за влијанието на американските увозни царини врз глобалниот економски раст и побарувачката за гориво, како и зголеменото производство од производителите на ОПЕК+, го намалија апетитот на инвеститорите за поризични активи.

34 (21) ■ бизнис > економија > политика ■ 08-Mar 13:36 -> 08-Mar 16:36
.
.
.
.

СЕ СПРОВЕДУВА ЖЕСТОКА И РОБУСКА КОНТОРЛА НА ЦЕНИТЕ Мицкоски ги повика трговците да работат за граѓаните, да не плаќаат пресови кај опозицијата

  • Мицкоски: Не би се изненадил доколку растот во првиот квартал од годинава е помеѓу 4 и 4,5 отсто

  • Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

Контролата на цените на производите е робусна и жестока како никогаш досега, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за тоа дали владата ќе обезбеди контрола на цените.

Првите индикатори во првиот квартал од годинава укажуваат на консолидираност и не би се изненадил доколку растот биде помеѓу 4 и 4,5 отсто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во последниве недела-две се ислатени околу 240 милиони денари субвенции за оние што се занимаваат со сточарство и пчеларство, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за критиките од опозицијата.

92 (5) ■ сцена > култура ■ 09-Mar 08:02 -> 09-Mar 10:52
.
.
.
.

Три романи влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

  • ▷ Три романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

„Простување“ од Кица Колбе, „Светот што го избрав“ од Калина Малеска и „И ѕирка и проѕирка“ од Огнена Никуљски се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

„Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ („Антолог“) се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.