Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата и тоа на бензинот „еуросупер-95 за 1,00 денари додека бензинот „еуросупер-98“, дизелот нафтата за греење поскапуваат за 1,50 денари по литар.
Новата цена на бензинот „еуросупер-95“ од полноќ ќе изнесува 78,00 денари, а на бензинот „еуросупер-98“ ќе изнесува 80,50 денари. дизелот ќе се продава за 72,50, а екстра лесното масло за домаќинство за 72,00 денари за литар. Netpress