„Ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство“, велат од владејачката коалиција Владејачката коалиција „Вреди“ утринава ја осуди изјавата на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, кој рече дека нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија.
Ова е непристоен предлог.
Најостро ги осудувам иредентистичките изјави на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, со кои тој го поткопува суверенитетот и достоинството на Република Северна Македонија и негира посебниот македонски етнички идентитет, вели лидерот на СДСМ Филипче на социјалните мрежи.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија соопшти дека „силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на Фејсбук, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава“.