Одбраната побара ослободителни пресуди за Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски за убиствата на Вања и Панче.
НасловнаМакедонијаАдвокатот на Манев побара казна само за киднапирањата на Вања и Панче, а не и за убиствата You cannot print contents of this website.
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупло Палевски откако денеска во Основен кривичен суд Скопје одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.
Игор Ефремов, бранител на четвртообвинетиот Влатко Кешишев за грабнувањата и за убиствата на Панче Жежовски и на Вања Ѓорчевска, денеска во завршниот збор пред Кривичниот суд побара ослободителна пресуда за неговиот клиент, оценувајќи дека Јавното обвинителство не успеало да докаже ја докаже неговата вина.