Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 %, при што кај домашните туристи има намалување за 1 %, а кај странските има зголемување за 13,8 %. Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 2,2 %, а кај странските има зголемување за 9,2 %. Во ноември најголем број туристи во земјава дошле од Турција (14.193), Србија (3.790), Грција (3.561) и од Бугарија (3.396). Plusinfo