Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %, при што кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за 13.8 %. Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 9.2 %. Sitel