Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2024 година, оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инжињерски, занаетчиски услуги, давате приватни часови на ученици и студенти, остварувате приходи од продажба на земјоделски производи или вршите друг оданочив промет и во 2024 година сте оствариле промет над 2.000.000 денари треба да се регистрирате за целите на ДДВ, посочуваат од УЈП.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2024 година, оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност ( ). Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инжињерски, занаетчиски услуги, давате приватни часови на ученици и студенти, остварувате приходи од продажба на земјоделски производи или вршите друг оданочив промет и во 2024 година сте оствариле промет над 2.000.000 денари треба да се регистрирате за целите на ДДВ.