1 (28) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 18-Jan 16:00 -> 18-Jan 21:32
.
.
.
.

ОЈО ГОКК: Претреси на повеќе локации, уапсена криминална група- Штекли бегал преку граница

  • МВР потврди: Уапсен Раде Трајковски-Штекли

  • ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО АЕРОДРОМ Се апсат членови на групата на Раде Штекли

Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат акција на повеќе локации, потврдија за Канал 5. Од ОЈО ГОКК потврдуваат дека акцијата е во тек, а повеќе детали најавуваат за утрешниот ден.

МВР соопшти дека попладнево го уапсиле Раде Трајковски-Штекли по наредба на ОЈО за гонење на организиран криминал.

Попладнево во Скопје по наредба на обвинител од ОЈО ГОКК се вршат претреси на повеќе локации.

5 (7) ■ вести > македонија ■ 18-Jan 18:43 -> 18-Jan 21:43
.
.
.
.

ИХФ ги изрече казните: Македонија може да остане и без публика!

  • ИХФ ја казни РФМ со 10.000 франци и ја предупреди дека репрезентацијата може да игра без публика

Светската ракометна федерација (ИХФ) донесе одлука да изрече дисциплински мерки по инцидентите што го одбележаа натпреварот меѓу Холандија и Македонија во рамките на второто коло од Светското првенство.

На Ракометна федерација на Македонија (РФМ) ѝ е изречена парична казна поради „недолично однесување на навивачите“ на вчерашниот натпревар против репрезентацијата на Холандија што се одигра во Вараждин, Хрватска, во рамките на Светското првенство, се вели во информацијата објавена на официјалната веб-страница на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ). Исто така, Ракометна федерација на Македонија е предупредена дека идните натпревари на селекцијата ќе бидат затворени за гледачи доколку се повторат слични инциденти.

7 (23) ■ вести > македонија > хроника ■ 16-Jan 20:25 -> 18-Jan 17:08
.
.
.
.

ДСЗИ нема утврдено недостатоци при третманот на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот

  • Вонреден инспекциски надзор за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе

  • ДСЗИ не утврдил пропусти во лекувањето на деветгодишното дете кое почина во вторникот

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонредни инспекциски надзори во врска со починатото дете Н.А. од село Пеширово, Општина Свети Николе.

Од денеска треба да почне вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот на Детската клиника во Скопје.

Вонредниот надзор од страна на Здравствениот и санитарен инспекторат не утврдил пропусти во лекувањето на деветгодишното дете што почина на Детската клиника...

8 (63) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Jan 09:15 -> 18-Jan 19:59
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со што толку многу го задолжиле Заев и Груби

  • Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците и го срози стандардот на граѓаните

  • СДСМ: Срамно, власта има буџет од 6 милијарди евра а не сака да ги покачи платите на работниците

  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ месец дена не се извинува и се обидува да го штити Груби

Филипче да каже со што толку многу го задолжиле Заев и Груби што не сака и не смее да се огради и да се оттргне од Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.

Мицкоски и ДПМНЕ го понижија трудот на македонските работници и го срозија стандардот на граѓаните.

Власта на Мицкоски и ДПМНЕ има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не сака да им покачи плати на работниците во јавниот сектор, велат од СДСМ.

СДС и Филипче месец дена се препелкаат во сопствените лаги за криминалот на Груби и ДУИ во нивен мандат.

11 (60) ■ вести > свет ■ 16-Jan 00:06 -> 18-Jan 21:47
.
.
.
.

Прекинот на огнот помеѓу Израел и Хамас ќе стапи во сила в недела рано наутро

  • Нетанјаху: Нема да го одобриме договорот додека Хамас не ги прифати сите точки

  • Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници

  • Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре

Договорот за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел ќе стапи во сила в недела, во 8:30 часот по локално време, објавија властите на Катар – земја која беше активен учесник во договорите за примирје помеѓу завојуваните страни.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го обвини палестинскиот Хамас дека „создава криза во последен момент“ и со тоа го одложи израелското одобрување на долгоочекуваниот договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на десетици заложници.

Израел нема да спроведе прекин на огнот во Газа додека не добие список од 33 заложници кои Хамас ќе ги ослободи во првата фаза од договорот, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа по полноќ го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците држени во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, откако претходно беше одобрен и од безбедносниот кабинет.

13 (54) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Jan 11:39 -> 18-Jan 07:48
.
.
.
.

Синдикатот на УПОЗ на протест пред Министерството за финансии

  • Синдикатот на УПОЗ поднесе барање за средба сo Влада, доколку не се постигне договор, не се исклучуваат порадикални чекори

  • Продолжува протестот организиран од УПОЗ, 988 вработени немаат земено декемвриска плата

  • УПОЗ упати барање на средба со владата, следен чекор е тужба за државата

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска ќе одржи протест пред Министерството за финансии.

Доколку не се постигне договор со Влада, не се исклучуваат и понатамошни протести, штрајкови и тужби, изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, на денешниот протест пред Министерството за финансии.

Вработените во дел од државните институции денеска продолжија со предупредувачкиот получасовен протест барајќи додатоци на плата од 30 отсто и потпишување на колективни договори.

Синдикакот на УПОЗ доставил официјално барање за средба со владини претставници, во насока на решавање на проблемот со колективните договори на дел од вработените во јавната администрација.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

113 (11) ■ бизнис > македонија ■ 16-Jan 09:55 -> 17-Jan 19:39
.
.
.
.

УЈП: Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

  • ТЕЧЕ РОКОТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОКОТ ЗА ВГРАДЕНИ 10 ФИСКАЛНИ СИСТЕМИ Последен ден за поднесување барање е 20 јануари

Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка кои во текот на 2024 набавиле и ставиле во употреба до 10 фискални системи на опрема односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, најдоцна до 20-ти јануари до УЈП да поднесат Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДЛД-02”), заради намалување на пресметаниот данок на личен доход во Годишниот даночен биланс за 2024 (образец „ДЛД-ДБ”), кое се поднесува електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk или во хартиена форма до архивата на организациската единица на УЈП. образец „ДЛД-02” образец „ДЛД-ДБ” образец „ДЛД-ДБ” https://e-ujp.ujp.gov.mk Од УЈП во денешното соопштение посочуваат дека даночните обврзници треба да поднесат и Барање за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка по основ на воведување и користење фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДД-07"), заради намалување на пресметаниот данок на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивката за 2024 година (образец „ДБ“), електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ или во хартиена форма до архивата на организациската единица на УЈП. образец „ДД-07" образец „ДД-07" образец „ДБ“ образец „ДБ“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/ https://etax-fl.ujp.gov.mk/ - Во прилог на барањата ДЛД-02 и ДД-07 задолжително се поднесува, односно прикачува: Копија од фактура/и за извршена набавка на фискален систем на опрема и/или Друг доказ за извршена набавка на фискален систем на опрема, велат од УЈП Оттаму посочуваат дека неискористеното право на намалување на пресметаниот данок на личен доход, односно данок на добивка во ДЛД-ДБ за 2024 односно ДБ за 2024, може да се пренесе во следните периоди, сѐ до неговото целосно искористување.

Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка кои во текот на 2024 набавиле и ставиле во употреба до 10 фискални системи на опрема односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, најдоцна до 20-ти јануари до Управата за јавни приходи да побараат одобрение за ослободување од данок на добивка и и намалување на данокот на личен доход.

202 (4) ■ сцена > култура ■ 16-Jan 14:07 -> 18-Jan 12:16
.
.
.
.

Со „Екскурзија“ почна зимското издание на Мрежата на фестивали од Јадранскиот Регион

  • Утре почнува Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион

Зимското издание на Мрежата на фестивали од Јадранскиот Регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (ИФФК „Браќа Манаки“, „Сараево филм фестивал“, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, „Загреб филм фестивал“ и Филмски фестивал Херцег Нови), почна вчера со бесплатни проекции на регионални филмови во кината во Битола, Скопје, Сараево, Белград, Загреб и во Љубљана.

Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (ИФФК „Браќа Манаки“, Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал и Филмски фестивал Херцег Нови), почнува утре (17.01.) со бесплатни проекции на регионални филмови во кината во Битола, Скопје, Сараево, Белград, Загреб и Љубљана.