Нашите соговорници за тоа која е позицијата на ЕУ за евроинтегративниот процес на Македонија со доза на огорченост подвлекуваат дека „многу јасно можеше да се согледа позицијата на ЕУ кон Македонија и македонскиот народ и сите други нејзини граѓани во оној момент кога беше именуван Гркот Михалис Рокас за сегашен евроамбасадор во Скопје, а Бугарин за специјален известувач за Македонија“… Оваа и ваква ЕУ целосно ги погази сите свои резолуции и документи за почитувањето на европската етничка, идентитетска, јазична и културна различност во случајот со Република Македонија, застанувајќи на страната на нејзините соседи Бугарија и Грција во негирањето на македонската држава, на етничката засебност, идентитетот, јазикот и националната историја на македонскиот народ.
Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска во просториите на партијата, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Н.Е. Михалис Рокас.