Министерството за транспорт денеска соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје – Женева и Скопје – Париз (аеродром Орли). Овие две дестинации, се наведува во соопштението, се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет, со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година. Telma
Ова е резултат на добрите политики што ги спроведуваме во делот на авиосообраќајот.
Париз и Женева се две атрактивни дестинации за граѓаните. Sitel
Женева и Париз се двете нови авиолинии кои се воведуваат од Меѓународниот аеродром Скопје.
Двете дестинации, како што информираат од Министерството за транспорт, се воведуваат на барање на дијаспората, а со нив ќе оперира авиокомпанијата „Изиџет“. 360stepeni
Меѓународниот аеродром Скопје од оваа година добива две нови директни авиолинии до Женева и до Париз (аеродром Орли), кои ќе ги оперира компанијата „Изиџет“. Plusinfo