Во присуство на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, започна изградбата на Home Retail Park, на површина од 35.000 м², во индустриската зона Пинтија, општина Кисела Вода.
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во реализацијата на новата капитална инвестиција во индустриската зона Пинтија, во близина на Стаклара, на површина од 35.000 м². Изградбата на Home Retail Park – (продажен центар за трговија на мало), првиот ваков трговски парк во Македонија, е проект вреден 15 милиони евра.