Дополнително, гостите ќе имаат на располагање 600 паркинг места, што ќе овозможи удобност и лесен пристап за сите купувачи.
Со отварањето на Home Retail Park, се очекува вработување на околу 300 луѓе, што значително ќе придонесе за економскиот развој на општината Кисела Вода и пошироко. Nezavisen
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во реализацијата на новата капитална инвестиција во индустриската зона Пинтија, во близина на Стаклара, на површина од 35.000 м². Изградбата на Home Retail Park – (продажен центар за трговија на мало), првиот ваков трговски парк во Македонија, е проект вреден 15 милиони евра. Netpress