Како што информираат од Кабинетот на Божиновска, овие млади жени, кои веќе се впуштиле во инженерството и научната дејност, ги споделија своите искуства, предизвици и успеси, истакнувајќи ја важноста на поддршката и можноста за учество во STEM (СТЕМ) областите (наука, технологија, инженерство и математика). Средбата беше исполнета со инспиративни приказни, идеи и заеднички цели за промовирање на овие критични области меѓу младите жени во Македонија. Press24