Агенцијата нотира дека во 2024 година реалниот раст на БДП достигна 2,8% и покрај надворешните потешкотии и дека е над проекциите заради силната јавна потрошувачка и инвестициите.
Фич очекува растот на економијата во 2026 година да достигне 4% како резултат на реализација на инвестициите на коридорот 8 и 10д. Nezavisen
Посочуваат дека инфлацијата во 2024 година просечно е на ниво од 4,2 процента и според „Фич“ главни двигатели се силниот раст на платите, зголемената домашна побарувачка, заедно со силниот кредитен раст на приватниот сектор.
Од Министерството за финансии порачуваат дека кредитниот рејтинг се изготвува врз основа на анализи на политиките што ги спроведува земјата. Denesen
Во извештајот се посочува дека курсот на домашната валута и натаму е стабилен.
Според проекциите на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, девизните резерви покриваат 4,3 месеци од увозот проектиран за 2025 − 2026 година, што ја поддржува стабилноста на фиксниот курс на денарот во однос на еврото. Nezavisen
Недостатокот на тековната сметка е во согласност со десетгодишниот просек, додека влезовите на странските директни инвестиции се на највисоко ниво во последните седумнаесет години.
„Фич“ смета дека овој извор на финансирање и во иднина ќе биде доволен за натамошно покривање на дефицитот на тековната сметка. Biznisvesti