РС Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич“ во последниот извештај со кој земјата го задржа и кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед, велат во соопштение од министерството за финансии. Mk
Агенцијата нотира дека во 2024 година реалниот раст на БДП достигна 2,8% и покрај надворешните потешкотии и дека е повисок од проекциите поради силната јавна потрошувачка и инвестициите.
Фич очекува растот на економијата во 2026 година да достигне 4% како резултат на реализација на инвестициите на коридорот 8 и 10д. Plusinfo
„Фич“ оценува дека овој извор на финансирање и во следниот период ќе биде соодветен за понатамошно покривање на дефицитот на тековната сметка.
Во однос на банкарскиот сектор, „Фич“ оценува дека тој и натаму е стабилен и профитабилен. A1on
Стабилноста на девизниот курс на денарот, којашто се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја. Nezavisen
Според проекциите на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, девизните резерви покриваат 4,3 месеци од увозот проектиран за 2025 − 2026 година, што ја поддржува стабилноста на фиксниот курс на денарот во однос на еврото.
Дефицитот на тековната сметка е во согласност со десетгодишниот просек, додека приливите на странските директни инвестиции се на највисоко ниво во изминатите седумнаесет години. Telma
Дефицитот на тековната сметка е во согласност со десетгодишниот просек, додека приливите на странските директни инвестиции се на највисоко ниво во изминатите седумнаесет години.
„Фич“ оценува дека овој извор на финансирање и во следниот период ќе биде соодветен за понатамошно покривање на дефицитот на тековната сметка. Libertas
Стабилноста на девизниот курс на денарот, којашто се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја.
Ова се посочува во најновиот извештај на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+“ со стабилен изглед, порачуваат од Народна банка (НБ). Во извештајот, како што велат, се посочува дека курсот на домашната валута и натаму е стабилен. Sitel