Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ.
Македонската кошарка оваа година може да добие нов претседател, затоа што со огромна поддршка побарано е Вонредно собрание во Кошаркарската федерација на (КФСМ), дознава . Перо Антиќ, актуелниот прв човек на КФСМ, беше реизбран на 29 март 2023 година, а откако истекоа две години од неговиот мандат во кој не можеше да му се изгласа недоверба затоа што беше заштитен според Статутот, следеше реакција на противкандидатите.