По макотрпниот и долг пат на економски трансформации и реформи, борба против корупцијата, недостиг на политичка волја и други ограничувања, Бугарија конечно на 1 јануари 2007 година, заедно со Романија, се приклучи на ЕУ, со што се најде во позиција да може да им помага на своите соседи од Западниот Балкан и тие да се приклучат кон Унијата, се наведува во извештајот на Фондацијата „Фридирх Еберт“ насловен „Декодирање на перспективите за проширување: Гласовите на земјите од Средна Европа за проширувањето на ЕУ“, во делот посветен на перцепцијата на Бугарија кон приемот на нови членки во блокот.
За жителите и за Владата на Бугарија прашањето за проширувањето на ЕУ не претставува главен приоритет и тие главно сè уште се фокусирани на внатрешните прашања и спорови, се вели во извештајот на Фондацијата „Фридирх Еберт“ насловен „Декодирање на перспективите за проширување: Гласовите на земјите од Средна Европа за проширувањето на ЕУ“.