Општина Карпош континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија на својата територија, водејќи грижа за комфорот и условите за престој на децата во детските градинки и основните училишта. A1on
Досега, Општина Карпош со сопствени средства постави вакви фотоволтаични системи со капацитет до 40КW во основните училишта „Јан Амос Коменски“, „Лазо Трповски“, „Димо Хаџи Димов“, „Петар Поп Арсов“ и „Вера Циривири Трена“.
Во рамки на годишната Програма на Секторот за екологија и енергетска ефикасност и Акциониот план за ЛЕАП 3, оваа година ќе се постават фотоволтаични системи и во останатите две основни училишта, „Аврам Писевски“ и „Христијан Тодоровски Карпош“. Skopjeinfo