“Комисијата не е непријател на бизнисот, туку чувар на правилата.
Односите меѓу трговците и добавувачите мора да бидат базирани на рамноправност, предвидливост и договор, а не на притисок, уцени и неформални условувања. Biznisvesti
Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упати јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики („Службен весник на РСМ бр. 66/24“), со цел да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите. Nezavisen
Законот е на нивна страна – а Комисијата е тука за да обезбеди да се спроведе.
Во периодот што следува, КЗК ќе продолжи со: • Проактивен мониторинг на трговските синџири и поголем број теренски контроли; • Отворен дијалог со добавувачи и комори за препознавање на нефер практики; • Правна заштита и постапки против компании кои систематски го нарушуваат законот; • Едукација на економските субјекти преку јавно достапни упатства, анализи и препораки. Nezavisen