Пожари на отворен простор во последното деноноќие имало вкупно шест, од кои активен сè уште е пожарот на градската депонија во Демир Хисар, но е под контрола, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што известил ЈКП Комуналец Демир Хисар, на гасење на пожарот од 13 часот интервенираат пет пожарникари и две противпожарни возила.
Гори градската депонија во Демир Хисар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи Демир Хисар (РЦУК). Во соопштението се наведува дека на терен интервенираат четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица Демир Хисар со две противпожарни возила, Јавното комунално претпријатие Комуналец Демир Хисар со пет работници и една градежна машина.