Корисниците од ул. „Црноризец Храбар“ во општина Аеродром денеска од 8 до 13 часот ќе останат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД. Од 8.30 до 13 часот струја ќе немаат дел од корисниците од с.Сарај – пат за Љубин (кај џамијата) во општина Сарај, а од 9 до 11.30 часот и поголем дел од корисниците од објектите со парен број на ул. „Иван Цанкар“ во населба Влае во општина Карпош.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Црноризец Храбар, општина Аеродром; – во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Сарај – пат за Љубин (кај Џамијата) општина Сарај; – во периодот од 09.00 до 11.30 часот, поголем дел од корисниците од објектите со парен број на улицата Иван Цанкар во населба Влае, општина Карпош; – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Елисе Поповски Марко, Киро Гавриловски, Антон Панов, општина Центар; – во периодот од 09.00 до 14.30 часот, едл од корисниците од ул. Франц Прешерн со бр. од 20 до 40, општина Карпош; – во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците на ул Поп Богомил и трнодол, општина Карпош.