Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети. Faktor
Палевски негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството на Вања и Панче.
Тој тврди дека на денот на убиството на Вања бил во банка да плаќа сметки, по што отишол на пазар на купи грејач за котел, па се вратил во седиштето на политичката партија „Десна“ каде имал состаноци со членови од партијата. Libertas
Во својот исказ Палевски на изминатото рочиште повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни.
Палевски негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството на Вања и Панче. Novamakedonija
Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. Nezavisen
Останува да се види колку обвинителките ќе бидат успешни во тоа, со оглед дека Палевски жестоко се обидува да ги оспори вербалните и материјалните докази што беа изведени против него.
За двете свирепи убиства извршени во ноември 2023 година им се суди и на Велибор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, а на Александар Ѓорчевски му се суди за помагање во грабнувањето на неговата ќерка Вања. Plusinfo