Во Европска куќа – Скопје денеска ќе се одржи официјалното врачување награди за најдобри новинарски стории и фотографија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, објавени во периодот мај 2024/април 2025 година, што ги доделува Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). СЕММ, во соработка со УНЕСКО, наградите ги доделува во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 Мај, што меѓу другото служи како потсетник за владите во светот за почитување на нивните заложби за слобода на изразување, но и за навраќање на медиумските професионалци кон многу прашања поврзани со слободата на медиумите и новинарската етика. Nezavisen
Денес во Европската куќа во Скопје беа врачени признанијата за најдобри новинарски прилози и фотографија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“. Biznisvesti