Тој потсети дека законски рок за усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа е шест месеци и праша: „Нели оваа влада работи законски, како по 10 месеци уште ќе се усогласуваме и поради тоа не се исплатени платите?“ Тој исто така нагласи дека кога се зборува за јавни финансии мора да се гледа што се случува во секој сегмент – платите, пензиите, социјалните давачки и функционирањето на стопанството.
Во однос на задолжувањето, Битиќи посочи на зачестената динамика на задолжување на Владата кај домашните банки. 360stepeni