Димитриеска-Кочоска за ТВ Алфа потенцираше: “Сега граѓаните можат да споредуваат дали работиме домаќински со намален долг од 36 милиони евра во апсолутен износ или некој пред нас работел домаќински кога долгот го зголемил за 292 милиони евра за ист период, почеток на година, и минатата и оваа.” Таа додаде дека разумното управување, редукцијата на непродуктивните трошоци и напорите за стимулирање на економската активност резултирале со редуцирање на јавниот долг за 4,7 процентни поени, на ниво од 57,7 отсто од БДП. Biznisvesti