1 (50) ■ вести > македонија > хроника ■ 21-Feb 07:00 -> 21-Feb 21:32
.
.
.
.

Обвинетите биле во црква еден месец пред убиството на Вања и Панче

  • Во Кривичен продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

  • Одбиено барањето на Палевски за изземање на обвинителките и на шефот на ОЈО, судењето продолжи со изведување докази

  • Се прегледуваат видеа од безбедносните камери на куќата на обвинетиот Велибор Манев

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинителството презентираше снимки, на кои за прв пат се гледаат сите обвинети заедно (освен таткото Александар Ѓорчевски), и тоа во дворот на куќата на Велибор Манев, пред да заминат по Жежовски.

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Основното јавно обвинителство Скопје донело решение дека барањето за изземање на обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска и на шефот на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски е неосновано.

Со изведување на материјални докази предложени од Обвинителството денеска во Основниот Кривичен суд Скопје продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

4 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Feb 09:10 -> 22-Feb 16:16
.
.
.
.

(ВИДЕО) МАКЕДОНИЈА ГО ПОДДРЖУВА ТРАМП: Мицкоски го пофали говорот на Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција

  • Мицкоски од Вашингтон: Направивме многу отстапки, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди

  • Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени

  • Мицковски во Вашингтон: Ја поддржуваме политиката на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски силно го поддржа стратешкото партнерство на Македонија со САД.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера се обрати на конференцијата „CPAC“ во Вашингтон, при што ја искористи приликата да ја запознае американската публика со историските и културните знаменитости на Македонија.

„Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО- изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан.

На говорницата на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Вашингтон, македонскиот премиер Христијан Мицкоски беше претставен како поддржувач на политиката на Доналд Трамп, дури и пред тој да биде избран за претседател на САД, а Македонија еден од големите стратешки партнери на Америка.

6 (26) ■ вести > свет ■ 21-Feb 07:48 -> 22-Feb 19:35
.
.
.
.

Хамас: Телото на Шири Бибас веројатно по грешка идентификувано и предадено на Израел

  • Израел: Хамас го прекрши договорот, ова не е телото на мајката на двете момчиња

  • Израел: Хамас брутално ги уби двете деца заложници

Официјален претставник на Хамас денеска изјави дека телото на заложничката Шири Бибас, што утринава беше предадено на Израел, најверојатно по грешка било идентификувано со телата на другите заложници кои загинале под урнатините во Појасот Газа.

Едно од четирите тела што вчера беа вратени од Газа во Израел не е на заложникот Шири Бибас, како што тврдеше Хамас, соопшти израелската војска, пренесува Би-би-си. Веста дека Шири Бибас (33) и нејзините синови Ариел и Кфир, кои сега би имале пет и две години, се мртви, предизвика бран тага во Израел.

Израел го обвини Хамас дека ги уби двете деца Ариел и Кфир Бибас, кои беа заложници во Појасот Газа и оти било предадено тело на друга персона наместо на нивната мајка Шири.

7 (27) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Feb 13:12 -> 22-Feb 08:24
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Нема договор за вработување на 2.000 до 3.000 Албанци

  • ОДОБРЕНИ СЕ ПРВИТЕ КРЕДИТИ ЗА КОМПАНИИТЕ ОД УНГЕРСКИОТ ЗАЕМ Бизнисот бара пониски царини и полесни даночни процедури

  • Димитриеска-Кочоска: Ако има „картелско“ здружување на маркетите цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги отфрли како неточни информациите дека наводно имало некаков договор за вработување 2.000 до 3.000 Албанци во јавната адинистрација.

Дел од кредитите се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со унгарскиот заем.

Ако постои „картелско“ здружување на маркетите, цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така.

8 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Feb 09:36 -> 22-Feb 17:39
.
.
.
.

Филипче е единствен кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март

  • ▷ Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

  • Комедија е ВМРО-ДПМНЕ да го обвинува СДСМ за скршнување од прозападниот курс

Претседателот Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на СДСМ на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16 март 2025 година, утврди Централната изборна комисија, информираат од оваа партија.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16 март 2025 година, утврдила Централната изборна комисија.

Комедија е ВМРО-ДПМНЕ да го обвинува СДСМ за скршнување од прозападниот курс, реагираат од СДСМ.

11 (6) ■ вести > свет ■ 22-Feb 14:49 -> 22-Feb 22:19
.
.
.
.

Трамп и Маск ја затвораат УСАИД, судија ја потврди одлуката

  • СУДОТ ПРЕСЕЧЕ, УСАИД ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА Администрацијата на Трамп ќе продолжи со распуштање на агенцијата

Федералниот судија Карл Николс вчера донесе одлука со која ѝ овозможи на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да продолжи со планот за распуштање на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Со оваа одлука се отвора пат за повлекување на неколку илјади вработени во УСАИД од САД и од странство.

Федералниот судија Карл Николс вчера донесе одлука со која ѝ овозможи на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да продолжи со планот за распуштање на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Со оваа одлука се отвора пат за повлекување на неколку илјади вработени во УСАИД од САД и од странство.

14 (21) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Feb 11:47 -> 22-Feb 16:49
.
.
.
.

Меџити: Минчев да не се однесува како копија на Апасиев, правичната застапеност на Албанците во институциите е уставна категорија

  • ЌЕ ВРАБОТИМЕ 3.000 АЛБАНЦИ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Меџити со големо ветување, Минчев веднаш реагира

  • Меџити: Владата има одлука за трансформација на работниот однос на 1.500 вработени во здравството

Минчев да се откаже од реториката на Димитар Апасиев и да не се однесува како негова копија – му порача првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на својот владин колега од редовите на Движењето ЗНАМ – министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Првиот вицепремиер Изет Меџити најави дека во текот на една година владеење ќе бидат вработени меѓу 2.000 и 3.000 Албанци во државната и јавната администрација.

Владата има одлука за трансформирање на работниот однос на 1,500 вработени во здравството, а кои со години работат на договор на дело, истакна дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој одговараше на новинарско прашање за неговата најава на партиски состанок за вработување на 1,000 Албанци во администрацијата.

Повеќе од
оваа категорија

60 (6) ■ спорт > фудбал ■ 21-Feb 22:40 -> 22-Feb 11:47
.
.
.
.

Луда сцена во Серија А: Му украде пенал на соиграч, погоди и славеше сам, па беше – заменет (ВИДЕО)

  • Луда сцена во Серија А: Го украде пеналот од соиграчите, не ги послуша соиграчите – даде гол и тренерот го замени!

Напаѓачот на Удинезе, Лоренцо Лука (24), предизвика бура реакции во италијанската и светската фудбалска јавност со својот неконвенционален потег на натпреварот против Лече во 26. коло од Серија А, дури и покрај фактот што беше стрелец на единствениот гол во победата од 1-0. Лука, кој оваа сезона игра во одлична форма и доби повик во италијанската репрезентација, одби да ја предаде топката на претходно одредениот изведувач на пенали, капитенот Флоријан Товен.

Лоренцо Лука (24), напаѓачот на Удинезе кој оваа сезона игра така што стана репрезентативец на Италија, ја згрозил италијанската, но и светската фудбалска јавност со своето однесување на првиот натпревар од 26. коло на Серија А. Удинезе го победи Лече 1:0 со гол од пенал во 32. минута, но никој освен стрелецот не го прослави.

Повеќе од
оваа категорија

80 (8) ■ бизнис > економија ■ 21-Feb 12:46 -> 22-Feb 08:00
.
.
.
.

ВРАБОТЕНИТЕ ВО АВИО-ТРАНСПОРТОТ ГИ ПРЕТРКАА ПРОГРАМЕРИТЕ Во декември зеле просечна плата од 136.702 денари

  • Просечната нето-плата во декември била 43.587 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43.587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9%, соопшти Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември лани изнесувала 43.587 денари, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците, индексот на просечната исплатена нето-плата по вработен, во однос на декември 2023 година, изнесува 109.0, а зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности (13.2%), транспорт и складирање (12.3%) и рударство и вадење на камен (12.0%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец пак, е забележано во секторите рударство и вадење на камен (13.4%), административни и помошни услужни дејности, градежништво (7.0 %) и финансиски дејности и дејности на осигурување (5.6%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен пак, во декември 2024 година, изнесувала 65.582 денари.