Воениот судир помеѓу Индија и Пакистан околу Кашмир го разгорува можеби најопасниот регионален конфликт на светот, помеѓу две нуклеарни сили и заколнати непријатели уште од поделбата во 1947 година, по независноста од Британската Империја, пишува Ивор Мицковски за По украинскиот конфликт и војната во Газа, сега светот се соочува со трет регионален конфликт, што само ни го навестува или потврдува опасниот геополитички тренд од нови регионални судири помеѓу средни светски или регионални сили, додека во исто време се разгорува нов фронт на југот од Азија со импликации по глобалната безбедност и сигурност.
Најмалку 13 цивили се убиени, а 59 се ранети во пакистанските напади на индиската страна од регионот Кашмир, соопшти денеска индиската влада.
Пакистанскиот премиер вети одмазда по смртоносниот индиски ракетен напад, велејќи дека Индија „сега ќе мора да ја плати цената“ за својата „очигледна грешка“.