1 (8) ■ вести > македонија ■ 10-May 14:38 -> 10-May 16:01
.
.
.
.

Професорката со светско влијание, добива признание дома – УАКС ја прогласува проф. д-р Мојсов за почесен професор

  • 20 ГОДИНИ АМЕРИКАН КОЛЕЏ Успешна приказна на визија, посветеност и квалитетен тим

“На моја особена чест и задоволство би сакала да најавам дека по повод 20 години постоење, Универзитет Американ Колеџ ќе ја додели титулата Profesor Honoris Causa на проф. д-р Светлана Мојсов, која е светски призната биохемичарка, професорка на Рокфелер Универзитетот и член на Американската академија на науки, а која стои зад револуционерното откритие за лекување дијабет.” - истакна проф. д-р Венера Крлиу на настанот.

Денесka, со свечен настан на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), официјално започна одбележувањето на јубилејот – 20 години УАКС.

2 (39) ■ вести > свет ■ 08-May 08:17 -> 10-May 15:54
.
.
.
.

Ескалација на конфликтот Индија–Пакистан: Дронови, ракети и цивилни жртви, светот повикува на смирување

  • Две нуклеарни сили започнаа конвенционална војна

  • Нова размена на оган меѓу индиски и пакистански војници во регионот Кашмир

  • Трамп се огласи: Индија и Пакистан се согласија на примирје

Во раните утрински часови во сабота индиската армија соопшти дека успешно уништила неколку вооружени дронови испратени од Пакистан, особено над воена база во Амритсар, Пенџаб.

На Средниот Исток започна воен судир, и тоа меѓу две нуклеарни сили – Индија и Пакистан.

Најмалку 13 цивили беа убиени, а 59 се ранети во пакистанските напади врз индиската страна од спорниот регион Кашмир, објави денеска индиската Влада за новиот биланс на жртви од конфликтот.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на прекин на огнот.

3 (12) ■ вести > македонија ■ 10-May 12:01 -> 10-May 13:55
.
.
.
.

Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан

  • Порано имаше повеќе опожарени возила вели Тошковски. Истрагата за дискотеката траела уште

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе.

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе.

4 (76) ■ вести > македонија > политика ■ 08-May 08:20 -> 10-May 13:56
.
.
.
.

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како тврди дека тој е иднината

  • Филипче: Прашање на време е кога ќе се распадне владината коалиција

  • СДСМ БЕСРАМНО ЈА ПОЛИТИЗИРА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Бараат да се донесе закон за настраданите за да извлечат ситни политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ

  • Во Собрание влегува предлог-законот за помош на семејствата на повредените и загинатите во Кочани и во претходните трагедии, вели Филипче

Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел за преговори со болница.

Владината коалиција е осудена на неуспех и прашање на време е кога ќе се распадне, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче во пресрет на локалните избори наесен во Северна Македонија,а по бранувањата во владините редови и напуштањето на коалицијата Вреди на министерот за здравство, Арбен Таравари.

СДСМ и Венко Филипче се синоним за лицемерие и за дволичност, реагира владјачката ВМРО-ДПМНЕ на предлогот од СДСМ да се донесе закон за подршка на настраданите во трагедијата во Кочани.

Предлог-законот за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани денеска ќе го поднесеме во Собрание, вели лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче.

7 (51) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 19:36
.
.
.
.

Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење

  • „Да, виновен сум“: Васил Јованов призна вина за смртта на Фросина Кулакова

  • ВОЗЕЛ ЦИК-ЦАК, СО 91 КИЛОМЕТАР НА ЧАС... Еве за што се се товари Васил, кој ја прегази Фросина на Партизанска - судењето е во тек

  • Не станува збор за обична сообраќајна несреќа, ќе се докаже оти возачот Васил Јованов ја усмртил младата жена со умисла, рече обвинителот Марковски на почетокот од судењето

Треба да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење, изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина.

Почна судењето за Васил Јованов, момчето кое во јануари годинава смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на пешачки премин на Партизанска во Скопје на. Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

На првото рочиште во Кривичниот суд за трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби 21-годишната Фросина Кулакова, обвинителот Александар Марковски изјави дека ќе докаже оти возачот Васил Јованов ја усмртил младата жена со умисла, пренесе . – Обвинетиот нецела минута пред критичниот момент возел цик-цак, преминал преку две полни линии.

10 (6) ■ вести > свет ■ 10-May 07:47 -> 10-May 15:13
.
.
.
.

Макрон, Стармер, Мерц и Туск во Киев: Бараме 30-дневен прекин на огнот во Украина

  • Европските челници во Киев да покажат поддршка по парадата во Москва

Челниците на Велика Британија, Франција, Германија и Полска во саботата ја повикаа Русија да се согласи на целосно и безусловно 30-дневно примирје за да се создаде простор за разговори за праведен и траен мир во Украина.

Челниците на Велика Британија, Франција, Германија и Полска отпатуваа во Киев доцна ноќта кон саботата на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да сигнализираат единство и поддршка, ден откако на московскиот Црвен плоштад се одржаа традиционалната голема парада годинава по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија и нејзините сојузници во Втората светска војна, а рускиот претседател Владимир Путин беше домаќин на триесеттина странски челници.

14 (45) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 08:47 -> 10-May 23:59
.
.
.
.

Убиството во Штип: Истрага на Обвинителството против пет лица

  • Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин

  • Петмина осомничени за убиството на странскиот државјанин донесени во штипскиот Основен суд

  • Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно пет лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело „убиство“, како и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, додека останатите четворица се осомничени за „помагање на сторителот по извршено кривично дело“.

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија за МИА од Клиничка болница-Штип.

Во штипскиот Основен суд пред судија на претходно постапка вечерва се спроведени пет лица, кои се инволвирани во синоќешното убиство на 25 годишниот странски државјанин во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено, информира ЈОРМ.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

19 (7) ■ бизнис > македонија ■ 10-May 10:14 -> 10-May 11:30
.
.
.
.

Кочовска: Со парите на даночните обврзници нема да се спасуваат неликвидни банки

  • Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем

Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија.

Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија.

104 (5) ■ бизнис > економија ■ 09-May 13:47 -> 09-May 16:19
.
.
.
.

ПРОТОКОТ НА СТОКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО МОРА ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА Азески и Рафуна побараа владите да го решат проблемот со сертификатите за храна

  • РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

192 (4) ■ бизнис > претприемништво ■ 08-May 07:35 -> 08-May 15:27
.
.
.
.

Форум на добри компании 2025: Платата привлекува, но работната култура задржува

  • Поважно е како се чувствуваат отколку платата - Форум на добри компании 2025

Во атмосфера полна со иновативни идеи и енергија за промена, на 8 мај во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“ се одржа Форум на добри компании 2025, настан што собра влијателните лидери, експерти и креатори на промени од Балканот и Европа – за да дискутираат за еден од најголемите предизвици на современото работење: како да се создаде работна средина каде луѓето ќе се чувствуваат вреднувани, инспирирани и посветени.

Во Скопје денеска ќе се одржи Форумот на добри компании 2025, на кој треба да бидат истакнати клучните предизвици и решенија поврзани со современата работна култура, информираат организаторите.