На самиот почеток Божиновска објасни дека аерозагадувањето е комплексен предизвик и дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини пристапува кон решавањето на проблемот и тоа со мерки за почисти извори на енергија и одржлив енергетски систем и наведе дел од проектите.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е активно вклучено во реализацијата на повеќе проектни програми од „Планската програма за почист воздух 2024–2030“, кои имаат за цел да го намалат аерозагадувањето преку енергетски решенија. Kurir