Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека е започната постапка на обнова на јавниот клуч, кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН пресметките поднесени преку клиентскиот софтвер при нивната обработка. Skopjeinfo
Управата соопшти дека ќе има краток прекин во обработката на МПИН пресметките кои се изготвени преку клиентскиот софтвер, кој ќе трае до завршување на процесот на обнова на јавниот клуч.
„Во овој контекст, ги повикуваме даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност да не поднесуваат МПИН пресметки, изготвени преку клиентскиот софтвер, сѐ до завршување на постапката на обнова на јавниот клуч. Plusinfo