Ќе ги разгледаме сите опции, а ќе ја избереме таа што ќе биде најдобра за граѓаните, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изградбата на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“.
Изминатите 7 години СДС и ДУИ ја заборавија животната средина, немаше ниту еден проект за заштита на животна средина и намалување на аерозагадувањето, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот Христијан Мицкоски на одговор за финансискиот плат за чист воздух, посочи дека се обезбедени финансии за проектите на владата, дел како заеми, дел приватни инвестиции и тоа како што нагласи чисто пазарно ориентирани инвестирања.
Премиерот Христијан Мицкоски, на надзорната расправа за аерозагадување во Собранието, ја истакна изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште како клучен стратешки проект за енергетска и еколошка иднина на државата.