Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања го опиша стратешкиот договор со Обединетото Кралство како историски момент како за државата, но и за регионот, затоа што силно присуство на еден од водечките политички чинители во светот тука во регионот значи многу и за граѓаните, и за државата, но и за иднината на регионот, при што објаснувајќи го подели во два дела, политички и економски, иако се обединуваат.
Вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината 4,5 проценти, смета премиерот Христијан Мицкоски, појаснувајќи дека ние го користиме кредитниот рејтинг на Обединетот Кралство што е трипати А, најдоброто што во овој момент може да го добиеме како земја на пазарот.
„Со господинот Алиу се познаваме, така што, мислам дека добро ќе соработуваме во рамки на Владата“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за промоција на оперативниот план за вработување.
Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата и соопшти дека согласно оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од нив 12.537 во активни мереки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување.