Министерот за економија Бесар Дурмиши, во име на Владата на Република Македонија, се обрати на 113-та сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева, организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ). Во своето обраќање, министерот Дурмиши ја истакна значајноста на темата за пристојна работа во рамките на платформската економија, нагласувајќи дека ова прашање станува сè поактуелно со оглед на брзата дигитална трансформација на пазарот на трудот. Republika