Висока делегација на Вооружените сили на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди, е во дводневна официјална посета на македонската Армија.
Од Генералштабот на Армијата информираат дека генералот Беренди, по денешниот пречек со високи воени почести во Кампот за обука на вода во Охрид, ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Republika
На средбата се разговараше за досегашната билатерална соработка помеѓу двете сојузнички НАТО армии и можностите за понатамошно унапредување на истата, преку конкретни активности од заемен интерес (обука и вежби, размена на искуства и користење на капацитетите за обука). Притоа беше констатирано дека билатералната меѓуармиска соработка, која во континуитет е на високо ниво, придонесува кон безбедноста и стабилноста во регионот.
За време на официјалниот состанок, делегацијата од ВС на Унгарија беше запознаена со процесот на трансформација и модернизација на Армијата на Република Северна Македонија, структурата на специјалните сили, билатералната соработка помеѓу специјалните сили и капацитетите на АП „Криволак“. Tocka
Делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија. Kurir
За време на официјалниот состанок, делегацијата од ВС на Унгарија беше запознаена со процесот на трансформација и модернизација на Армијата на Република Северна Македонија, структурата на специјалните сили, билатералната соработка помеѓу специјалните сили и капацитетите на АП„Криволак“.
Во рамки на заедничката обука со специјалните сили на ВС на Унгарија беше изведена методско-показна вежба „Препад на пловен објект и командно место“, како и тактичко- технички збор на кој беше прикажана дел од опремата која се користи за време на обуката. Zoom
По завршување на вежбата генералите истакнаа дека со оваа заедничка обука, покрај зајакнување на интероперабилноста се зајакнува и меѓусебното пријателство.
Поддршката за време на природни непогоди, како и учеството на припадници на воениот оркестар на ВС на Унгарија на концертот кој традиционално се изведува неколку години во пресрет на Нова година, дополнително го зајакнува силното партнерство и соработка. Alfa