Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог на Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој Владата го усвои вчера, и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Sport1
Тоа не се спречува, туку сега ќе си го контролира само Владата и нивните претставници, на сметка на приватниот сектор.
Принудната дислокација на нашите објекти, забраната за приредување игри на среќа на интернет за лиценцираните приредувачи, неоснованото зголемување на давачките и надоместоците, како и одредбите што директно навлегуваат во правната сигурност на веќе издадени лиценци ќе значат практично затворање на легалната индустрија. Fokus
Тие ја информираат јавноста дека АСОМ со сите расположливи капацитети и ресурси ќе се бори против штетниот закон кој ги става граѓаните во ризик и уништува легална индустрија на сметка на нелегалната.
„Не исклучуваме и масовни протести ако Владата не покаже слух и не го повлече законот за заеднички да седнеме на маса и донесеме функционален и европски закон, нешто што АСОМ со години го бара. Skopjeinfo