1 (9) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 01-Jul 07:46 -> 01-Jul 10:15
.
.
.
.

Се бара притвор за осомничениот за напад врз лекари и полицајци во казино во Битола

  • Го удрил со тупаница докторот кој му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола предложи одредување мерка притвор за осомничениот за напад врз лекари и полицајци во казино во Битола на 29 јуни годинава.

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 од Кривичниот законик.

2 (3) ■ бизнис > економија ■ 01-Jul 08:08 -> 01-Jul 10:15
.
.
.
.

Македонија добива 350.000 евра од ЕБОР за Национална стратегија за полнење електрични возила

  • Вицепремиерот Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.

Министерство за транспорт Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура.

4 (67) ■ вести > македонија > регион ■ 30-Jun 05:07 -> 01-Jul 10:30
.
.
.
.

Еврокомесарката Марта Кос во Скопје, денеска и утре лидерска средба ЕУ - Западен Балкан

  • ▷ Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ - Западен Балкан

  • Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

  • Еврокомесарката Кос пристигна во Скопје, во тек средба со премиерот Мицкоски

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во посета на земјава.

МИАЕврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во посета на земјава.

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигна во посета на земјава по повод учеството на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан на која ќе се разговара за Планот за раст.

6 (9) ■ вести > македонија > скопје ■ 01-Jul 06:08 -> 01-Jul 09:15
.
.
.
.

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

  • Арсовска испрати писмо до Михалис Рокас: Вашето вклучување ќе ја забрза правдата, и ќе испрати порака дека корупцијата и криминалот нема да бидат толерирани - Либертас

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, испрати писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија, во кое му се обрати во однос на криминалот со дивоградбите и заканите кои и се упатувани Отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија Почитуван господин Рокас, Денес сте домаќин на Еврокомесарката Марта Кос во Скопје на голем настан Самитот ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст.

8 (87) ■ вести > македонија > политика > сдсм ■ 29-Jun 08:07 -> 01-Jul 09:01
.
.
.
.

📷 ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ПАТОТ ФАРИШ-ДРЕНОВО Изградени се 21 мост и 11 потпорни ѕидови

  • Премиерот Мицкоски утре на пуштање во употреба на делницата Дреново - Фариш до Прилеп

  • Талески: СДСМ заврши над 90% од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се кити со туѓи перја

  • Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново, од денеска го пуштаме за сообраќај!

📷 ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ПАТОТ ФАРИШ-ДРЕНОВО Изградени се 21 мост и 11 потпорни ѕидови Фото: ЈП „Државни патишта“ Со пуштањето на експресниот пат Градско-Дреново во должина од 26 км го скратуваме времето на патување кон Прилеп, Битола, Ресен и чувствувам огромна радост и задоволство затоа што со заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот Александар Николоски и во присуство на бројни гости, пратеници, градоначалници, ја пуштивме во употреба делницата Фариш-Дреново, во должина од 10,2 км., истакна Коце Трајановски, директор на ЈП „Државни патишта“.

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп.

Интегрален текст од изјава за медиуми на Миле Талески, пратеник на СДСМ: Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско.

Од денеска се пушта за сообраќај експресниот пат делница Фариш – Дреново, како дел од експресниот пат Градско – Фариш.

10 (61) ■ вести > свет > сад > буџет ■ 29-Jun 00:00 -> 01-Jul 09:45
.
.
.
.

Маск најави формирање на нова партија доколку биде изгласан предлог-законот на Трамп

  • Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

  • Трамп не планира да ја продолжи 90-дневната пауза за воведување царини

  • Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Најголемиот донатор на Републиканската партија во САД, Илон Маск, повика на формирање на нова политичка партија и најави поддршка за противкандидати на речиси сите републиканци во Конгресот, доколку тие го изгласаат обемниот закон за трошење предложен од претседателот Доналд Трамп, или т.н. Big Beautiful Bill, пишува Њујорк тајмс.

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран успеал да заштити или премести кој било дел од својот збогатен ураниум пред американските напади врз нуклеарните постројки.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не планира да ја продолжи 90-дневната пауза за воведување царини за повеќето земји по 9 јули, кога истекува рокот за преговори што го одреди.

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во центарот на вниманието на американскиот политички свет.

14 (57) ■ вести > македонија > политика > вмро-дпмне ■ 30-Jun 00:45 -> 01-Jul 10:00
.
.
.
.

Латас: Малиот градоначалник на Струмица повика на мое убиство - ако е маж, нека дојде

  • Петрушевски: СДС и Филипче, преку Костадинов се закануваат на новинари, сакаат да ги исплашат и да внесат несигурност

  • „ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страна на граѓаните кои на јавна сцена ќе бидат нападнати од носители на јавни функции“

  • „КОГА ЌЕ ШЕТАШ ПО УЛИЦА, ЌЕ ГЛЕДАШ ПРЕКУ РАМО, БИДЕЈЌИ НЕ ЗНАЕШ ОД КАДЕ ЌЕ ТИ ДОЈДЕ НАПЛАТАТА“: Костадинов му се закани на Латас

Малиот градоначалник на Струмица К.К. викан Кока повика на убиство, мое, заради кажан збор.

И 15 часа по скандалозната крвна закана на Костадин Костадинов кон новинар СДС молчи.

Се покажа дека примитивноста, ароганцијата, говорот на омраза, се одлика на кадрите на СДСМ.

Добивај вести на Viber По гостувањето на новинарот Драган П. Латас на поткастот кај Александар Бичиклиски, каде говореше за семејството на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, се огласи самиот Костадин.„Проглас и аманет до сите родени и неродени Костадинови!ГО ИЗГОВОРИ ИМЕТО НА МОЈОТ ТАТКО СО ГАДНА УСТА, СЕГА ТИ НЕМА ВРАЌАЊЕ.Ти, Драган Павловиќ Латас, не знаеш што направи.

Повеќе од
оваа категорија

70 (32) ■ спорт > фудбал ■ 29-Jun 09:56 -> 30-Jun 21:51
.
.
.
.

Меси размислува за трансфер пред Светското првенство 2026 година?

  • Меси по елиминацијата од ПСЖ: Заминуваме со кренати глави, ја исполнивме целта

  • Полувреме: ПСЖ „гази“, Интер Мајами без шут кон противничкиот гол (Видео)

  • Меси брутално искрен: Ниту еден ден во Париз не бев среќен!

Меси размислува за трансфер пред Светското првенство 2026 година?Суперѕвездата на Интер Мајами Лионел Меси размислува да премине во друг клуб во месеците пред Светското првенство 2026.

Големата ѕвезда на американски Интер Мајами, Лионел Меси го сумираше настапот на својот клуб на Светското клупско првенство.

Фудбалерите на ПСЖ се пред пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство, откако имаат водство од 4-0 после првото полувреме против Интер Мајами.

Меси брутално искрен: Ниту еден ден во Париз не бев среќен.

Повеќе од
оваа категорија

41 (2) ■ бизнис > македонија > политика > анкета ■ 01-Jul 06:29 -> 01-Jul 10:00
.
.
.
.

Билатеризацијата/бугаризацијата го зголеми евроскептицизмот кај младите: Само 41% со позитивен став кон ЕУ

  • Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

41 процент од младите во земјава ја доживуваат Европската Унија позитивно, 24 проценти имаат негативен став за Унијата, додека нешто над една третина или речиси 35 проценти од младите се неутрални, што јасно укажува на отворен простор за дејствување, но и на отсуство на конкретно доживување или поврзаност со ЕУ вредностите.

Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјава потврдуваат постоење на евроскептицизам помеѓу младите луѓе, различни очекувања за членството во ЕУ, како и голем број можности и активности кои можат да се преземат од страна на националните и ЕУ институциите во соработката со младите луѓе на овој план.

71 (2) ■ бизнис > македонија ■ 01-Jul 05:05 -> 01-Jul 07:48
.
.
.
.

Јаневска ќе присуствува на доделување на награди на учениците од Македонија кои освоија второ место на Европскиот квиз на пари

  • Македонски ученици наградени за второ место на Европскиот квиз на пари

Министерство за образование и наука На 1.7.2025 година (вторник) во 11часот во просториите на Македонската банкарска асоцијација, министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе присуствува на доделување на награди на учениците од Македонија кои освоија второ место на Европскиот квиз на пари 2025 година, соопштија од Министерството за образование и наука.

Македонски ученици наградени за второ место на Европскиот квиз на пари 01/07/2025 7:05 ВЕСТИ, ФИНАНСИИ Денес во седиштето на Македонската банкарска асоцијација (МБА) ќе се одржи церемонија на доделување признанија на учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од основното училиште „Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп.

119 (8) ■ бизнис > македонија ■ 30-Jun 14:33 -> 30-Jun 18:15
.
.
.
.

„Средба Божиновска - Шарлот Ру, Извршен директор за Централна и Југоисточна Европа во ЕБРД: Зајакнување на енергетската соработка во фокусот“

  • Средба Божиновска-Шарлот Ру од ЕБРД: Зајакнување на енергетската соработка во фокусот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со г-ѓа Шарлот Ру, Извршен директор за Централна и Југоисточна Европа во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). На средбата се дискутираше за тековните енергетски проекти во Македонија, при што беше посебно нагласена важноста на развојот на ветерниот парк Богданци 2 и напредокот на интерконекторот со Грција, кои ќе придонесат кон зајакнување на енергетската стабилност и интеграцијата во регионалниот пазар.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Шарлот Ру, Извршен директор за Централна и Југоисточна Европа во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). На средбата се дискутираше за тековните енергетски проекти во Македонија, при што беше посебно нагласена важноста на развојот на ветерниот парк Богданци 2 и напредокот на интерконекторот со Грција, кои ќе придонесат кон зајакнување на енергетската стабилност и интеграцијата во регионалниот пазар.

245 (5) ■ бизнис > економија > сад ■ 29-Jun 10:41 -> 30-Jun 09:15
.
.
.
.

Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

  • НЕЗАВИСНИТЕ ЦЕНТРАЛНИ БАНКИ СЕ КЛУЧНИ ЗА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА Гувернерот Славески на средба со шефот на Федералните резерви на САД

Од: А1он Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел, известија од НБРМ.

НЕЗАВИСНИТЕ ЦЕНТРАЛНИ БАНКИ СЕ КЛУЧНИ ЗА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА Гувернерот Славески на средба со шефот на Федералните резерви на САД Гувернерот на Македонската народна банка, Трајко Славески, истакна дека на средбата се нагласила неизмерната важност на независни централни банки како клучен предуслов за успешно спроведување монетарна политика, насочена кон постигнување на ценовна стабилност и финансиска сигурност.

95 (10) ■ магазин > органик ■ 29-Jun 15:00 -> 01-Jul 06:14
.
.
.
.

Осаменоста предизвикува многу болести кај луѓето

  • Загрижувачка студија: Поради една причина се повеќе луѓе умираат низ целиот свет

Едно од шест лица во светот е засегнато од осаменост, која, заедно со социјалната изолација, може да доведе до физичка болест, придонесувајќи за 871.000 смртни случаи низ целиот свет годишно, соопшти комисија на Светската здравствена организација (СЗО). Осаменоста го зголемува ризикот од мозочни удари, срцеви удари, дијабетес, депресија, анксиозност и самоубиство, соопшти СЗО.

Еден од шест луѓе во светот страда од осаменост, која, заедно со социјалната изолација, може да доведе до развој на бројни физички болести, што на крајот резултира со 871.000 смртни случаи годишно низ целиот свет, според податоците од комисија на Светската здравствена организација (СЗО). Осаменоста го зголемува ризикот од мозочен удар, срцев удар, дијабетес, депресија, анксиозност и на крајот самоубиство, објави СЗО.

50 (27) ■ сцена > занимливости ■ 29-Jun 11:48 -> 01-Jul 07:34
.
.
.
.

ШАРЛИЗ ТЕРОН „УДРИ“ ПО БЕЗОС И САНЧЕЗ „Не бев поканета на свадбата, тие се за никаде“

  • Како Џеф Безос стана најомразената личност во Венеција- на градот му донираше 3 милиони долари

  • Модниот неуспех на Џеф Безос на свадбата со Лорен Санчез: На прв поглед, сè беше беспрекорно, но еден детаљ… (ФОТО)

Холивудската актерка Шарлиз Терон, се чини, воопшто не била импресионирана од прескапата венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез, вредна десетици милиони долари во Венеција.

Локалните политичари ги отфрлија протестите како маргинални.

Иако настанот беше визуелно импресивен, а Безос се одлучи за гламур, њујоршката модна стилистка Лиз Тич сугерираше дека направил моден пропуст избирајќи однапред врзана вратоврска-мајчка.Џеф Безос можеби изгледал елегантно во смокингот на денот на неговата свадба, но според еден моден експерт, основачот на „Амазон“ сепак направил моден пропуст за време на раскошната прослава во Венеција.61-годишниот милијардер беше снимен во петокот попладне како се смее, во црн смокинг, качувајќи се во водно такси пред хотелот пред неговата свадба на островот Сан Џорџо Маџоре, каде што се ожени со Лорен Санчез.

295 (4) ■ сцена ■ 29-Jun 19:30 -> 30-Jun 21:45
.
.
.
.

🎥 СЛАВНАТА АКТЕРКА СЕ ПОЈАВУВА ВО ПОСЛЕДНАТА СЦЕНА ОД „ИГРА НА ЛИГЊИ “ Дали серијата ќе добие американска верзија?

  • Позната актерка се појавува во последната сцена од „Squid Game“: Дали серијата ќе добие американска верзија?

Третата сезона од популарната серија на Нетфликс „Игра на лигњи“ (Squid Game) беше објавена во петокот, а последната сцена предизвика посебно внимание бидејќи во неа се појавува позната актерка.

Третата сезона од популарната серија на Нетфликс „Squid Game“ беше објавена во петокот, а последната сцена предизвика посебно внимание бидејќи во неа се појавува позната актерка.Предупредување: Оваа објава содржи спојлери за третата сезона на „Squid Game“.Имено, напнатата корејска серија, која доби популарност кратко по објавувањето на Нетфликс во 2021 година, ја ангажираше холивудската актерка и добитничката на Оскар, Кејт Бланшет, за својата трета сезона.