Советот на Народната банка донесе одлука за воведување нов модел на надоместици што банките ги плаќат за услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС). Со оваа промена, како што рече денеска гувернерот Трајко Славевски се воспоствува поедноставна и поконкурентна структура на тарифите, а тоа ќе овозможи пониски трошоци за електронските плаќања и ќе придонесе за поевтини услуги кон граѓанте и компаниите.
Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Моделот се заснова на принципите и практиките на централните банки во евросистемот за фиксни и предвидливи надоместоци според обемот на трансакциите, со што Воедно, Ниските и фиксни надоместоци по трансакција, во споредба со варијабилните надоместоци во зависност од износот на трансакцијата коишто ги налагаат сложените кореспондентски аранжмани со странските банки, Одлуката се носи во контекст на приклучувањето на нашата земја кон СЕПА и фазата на усогласување со европските стандарди којашто е во тек, а со која се создава основа за пошироко намалување на трошоците за прекуграничните плаќања во евра, како од страна на Народната банка за државните органи, така и од страна на банките за своите клиенти.
Централната банка го направи првиот чекор - од 1 август воведува целосно нов модел на надоместоци за банките, што ќе овозможи пониски трошоци, но и треба да придонесе кон поевтини услуги за граѓаните и компаниите, на потег сега се банките.