Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, беше промовирана новата книга за деца и млади „Се викам храброст“.
Книгата, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, од Сирма Војвода, преку Невена Георгиева-Дуња, Вера Јоциќ, Вера Ацева, Атина Бојаџи, Милка Ефтимова, па сѐ до Илина Арсова, Ема Ананиевска и други.