Скопски „Макстил“, компанијата која плати најголем износ за солидарен данок од дури 4,3 милиони евра, нема намера да ѝ ги прости овие пари на државата, иако, најверојатно ќе се откаже од побарувањето за камати што инаку ѝ следува.
Компаниите кои беа засегнати со плаќање на солидарниот данок очекуваат уште годинава да ги повратат парите, но се отворени да разговараат со Владата за начинот на кој ќе им бидат вратени.