Вечерва низ струмичките улици уште еднаш кулминираше вековната карневалска традиција со Интернационалното карневалско дефиле, на кое продефилираа 35 групи со над 1.000 учесници од земјава и странство кои повеќе од три часови дефилираа, танцуваа, играа и ги промовира своите карневалски креации.
Откако кралот на карневалот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“, почна да тече реката од карневали, а традиционално први настапија струмичките мажоретки, а за кусо време адреналинот го кренаа загрепските, едни од најдобрите во светот.