Електричните машини за урбана хигиена на БРАКО беа изложени на големиот саем Експо Резидуос 2025 (Expo Residuos) кој се одржа во главниот град на Мексико од 25 до 27 март.
Застапникот на Грин Машинс, мексиканската компанија Мегамил, и претставниците на фирмата-ќерка на Грин Машинс во Калифорнија, САД, во прв план ги понудија електричните компактни машини од моделот 400ze, кои се управуваат рачно и овозможуваат чистење на пешачки површини, паркови, градски јадра, трговски центри, аеродроми и сл., притоа нула бучава и со нула загадување на околината.