Премиерот Христијан Мицкоски денес од Тетово најави дека очекува убава вест за Македонија од САД – уште денес.
„Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација и со министерството за економија, кое што го предводи Хауард Лутник, кој што е мој личен пријател, и со министерството за финансии, и со Стејт департментот и со кабинетот на претседателот Доналд Трамп“, изјави денес Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово.