Во име на Владата на Република Македонија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес потпиша меморандум за соработка со Македонски Телеком, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Македонски Телеком потпиша Меморандум за разбирање со Владата, со што се потврдува заедничката цел на двата најголеми акционери во компанијата за дигитална трансформација и просперитет на земјата.