1 (12) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 28-Mar 14:29 -> 28-Mar 15:18
.
.
.
.

Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

  • ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА ВАСО ЈОВАНОВ: Возел со 0,8 промили алкохол и со брзина од 91 километар на час, се бара продолжување на притворот

Во рок од два месеци од трагичниот настан, надлежниот јавен обвинител ги прибра сите докази и вештачења кои укажуваат дека обвинетиот го сторил ова најтешко дело против безбедноста во сообраќајот.

Поднесено е обвинение против Васил Јованов, младиот скопјанец кој со своето возило ја удри младата Фросина Кулавкова, која настрада на лице место во таа страотна сообраќајна несреќа.

3 (6) ■ вести > македонија ■ 28-Mar 14:47 -> 28-Mar 15:05
.
.
.
.

Институт за радиологија: Пациенти со итна патологија и потреба од КТ дијагностика пренасочувани кон други јавни здравствени установи

  • На Радиологија во дефект се компјутерските томографи, пациентите се пренасочувани кон другите јавни здравствени установи

Од ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија – Скопје информираат дека поради покомплексен дефект на рендгенските цевки на двата компјутерски томографи (КТ), што се наоѓаат во деташираните одделенија на ургентeн центар и хируршките клиники, пациентите со итна патологија кои имаат потреба од КТ дијагностика од денеска се привремено пренасочувани кон другите јавни здравствени установи.

Од ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија – Скопје информираат дека поради покомплексен дефект на рендгенските цевки на двата компјутерски томографи (КТ), што се наоѓаат во деташираните одделенија на ургентeн центар и хируршките клиники, пациентите со итна патологија кои имаат потреба од КТ дијагностика од денеска се привремено пренасочувани кон другите јавни здравствени установи.

4 (4) ■ вести > македонија ■ 28-Mar 14:27 -> 28-Mar 15:18
.
.
.

О2 Иницијатива: Бараме истрага за еколошката катастрофа од Тораница и утврдување на одговорност на инспекторите

  • О2 Иницијатива: Да се отвори истрага за излевањето од рудникот Тораница во Крива река и да се испита делувањето на инспекторите

Се придружуваме кон барањата на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој на денешната прес конференција бара кривична одговорност од Булмак 2016 по повеќе основи за излевањето од рудникот Тораница на 14 март во Крива Река, кога се излеа голема сива маса која потполно ја замати Крива река и Тораница.

)- Иницијативата О2 денеска соопшти дека се придружуваат кон барањата на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, изнесени на денешната прес – конференција за кривична одговорност од Булмак 2016 по повеќе основи за излевањето од рудникот Тораница на 14 март во Крива Река, на како што наведуваат, голема сива маса која потполно ги заматила Крива Река и реката Тораница.

5 (21) ■ вести > македонија ■ 27-Mar 13:57 -> 28-Mar 15:00
.
.
.
.

Митовски: Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади, бараме кривична одговорност

  • (Во живо) Прес-конференција на градоначалникот на Општина Крива Паланка

  • (ВИДЕО) Митовски: По хаваријата во „Тораница“ 10 пати зголемена концентрација на олово во Крива Река, бараме кривична одговорност

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден по хаваријата во рудникот Ораница е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето долж течението на реката, но и на флората и фауната.

Прес-конференција во живо на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, за извештајот од акредитирана лабораторија за анализа на водата во Крива Река по земени примероци ден по настанувањето на хаваријата во рудникот „Булмак 2016“.

Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажува дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

6 (25) ■ вести > свет ■ 28-Mar 09:34 -> 28-Mar 14:57
.
.
.
.

ВОНРЕДНА ЗОНА ВО БАНГКОК, ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МЈАНМАР Граѓаните повикани да избегнуваат високи згради и да останат смирени

  • Најмалку еден загинат, еден исчезнат и 50 повредени во уривање на зграда во Бангкок по земјотресот

  • Би-Би-Си: Зошто е тешко да се добијат информации од Мјанмар

Премиерката на Тајланд Паетонгтарн Шинаватра го прогласи главниот град Бангкок за „вонредна зона“ по силниот земјотрес што го погоди соседен Мјанмар.

Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.

Со Мјанмар од државниот удар во 2021 година управува воена хунта, што го отежнува пристапот до информации, јави Би-Би-Си. Државата ги контролира речиси сите локални радио, телевизија, печатени и онлајн медиуми.

13 (16) ■ вести > македонија ■ 28-Mar 09:05 -> 28-Mar 12:38
.
.
.
.

МЖСПП: „Булмак“ казнет со 200 илјади евра за истекување технолошка вода

  • Фирма од Крива Паланка ќе се олесни за 200.000 евра: Ресорното министерство жестоко ги казни

Компанијата БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип, подружница Рудник Тораница, Крива Паланка, е казнета со 200 илјади евра поради инцидент во кој дошло до пукање на цевка, преку која се транспортира технолошка вода од седиментацискиот базен за рударски води до постројката за флотација.

По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24.03.2025 година, од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина е сторен прекршок од трета категорија при што гореименуваниот сторител е согласен за поведување на постапка за спогодување согласно Законот за животна средина пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Повеќе од
оваа категорија

35 (36) ■ спорт ■ 26-Mar 02:03 -> 28-Mar 14:10
.
.
.
.

Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер

  • Ѓоковиќ мора да плати казна за нелегалната вила вредна 10 милиони евра

  • Ѓоковиќ почна лошо и се искара со судијата, па го збриша Мусети!

  • Ѓоковиќ го победи Музети и се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами

Новак Ѓоковиќ продолжува да бележи победи на Мастерсот во Мајами и да поставуваат рекорди.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Мајами каде се пласираше во четвртфиналето на големиот турнир на кој ќе игра против локалниот тенисер Себастијан Корда.

Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами со победата од 2-0 (6-2, 6-2) во сетови против Лоренцо Мусети.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами, откако рано утринава го совлада Италијанецот Лоренцо Муци со резултат 2:0, во сетови 6:2, 6:2 и го продолжи патот до седмата титула во Мајами.

Повеќе од
оваа категорија

237 (4) ■ бизнис > економија ■ 26-Mar 13:43 -> 26-Mar 14:36
.
.
.
.

ЕУ ПЛАНИРА ОТСТАПКИ ОД ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК - Украина е меѓу нив, како и земјите дел од ЕЕА

  • ЕУ предвидува исклучоци од најавените заштитни мерки за увозот на челик

Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави портпарол на ЕК. - Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА - информира портпаролот.

Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави за МИА портпарол на ЕК. – Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА – информира портпаролот.