Поевтинела храната во светот во декември лани.
Цените на храната благо паднаа во декември 2024 година, со значително поевтин шеќер и стабилни цени на житарките, објави денеска Агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО). Индексот на цените на ФАО за кошничката со основните прехранбени производи во просек изнесуваше 127,0 поени во декември, што е за 0,5 отсто помалку од ноември, пресмета ФАО.