Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.4 проценти, а во однос на март минатата година за 7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). На странските пазари, во март 2025 година продажните цени на производителите на индустриски производи се зголемени за 0,5 проценти во однос на претходниот месец, а за 7,3 проценти во однос на истиот месец од претходната година.
Германскиот извоз зававил во март, што одразува послабо темпо на испораки на американскиот пазар, покажаа податоците од заводот за статистика во четвртокот.